Ултра тенкиот лаптоп на Дел, наречен Востро, отсега може да се најде и во нашите компјутерски продавници. Моделот Vostro V131 е дизајниран да овозможи сензационален стил и оптимална продуктивност за малите бизниси.

vostro-03

Новиот лаптоп Vostro V131 нуди до 9,5 часа издржливост на батеријата, тој е тенок и со моќен дизајн којшто на корисниците им овозможува одлична работа, има Intel® Core i3 и i5 процесори коишто овозможуваат брзо и непрекинато извршување на повеќе задачи.

Vostro V131 е тенко, моќно и елегантно надополнување на наградуваната линија Vostrolaptop. Како еден од најлесните и најтенки производи од портфолиото на Vostro, Vostro V131 е специјално дизајниран за корисниците на мали бизниси. Ултра тенкото и стилско куќиште сместува Intel® Core i3 и i5 процесори, што го прави Vostro V131 преносен центар создаден да ја зголеми бизнис продуктивноста. Отстранливата, 4-ќелиска батерија и Intel® ULV Celeron 847 процесорот овозможуваат до 6.5 часа издржливост на батеријата (до 9.5 часа со опционална 6-ќелиска отстранлива батерија), овозможувајќи им на корисниците да работат во секое време, насекаде.

vostro-02

“Го создадовме Vostro V131 да овозможи брзо, непрекинато извршување на повеќе задачи за денешните бизнис предизвици“ - вели Сем Брд, потпретседателот на Dell’s Consumer & SMB Product Group.

“Резултатот е лаптоп богат со функции за подвижни професионалци коишто сакаат комплетен перформанс кој ќе ги поддржи нивните технолошки барања, а притоа без жртвување на дизајнот и преносливоста. Покрај тоа, V131 нуди услуги и софтверски решенија коишто ја подобруваат продуктивноста и безбедноста на податоците.“

vostro-01

Разбирајќи го предизвикот за поврзувањето на малите бизниси, Vostro V131 нуди широк спектар на опции, вклучувајќи WWAN, WiMax& LTE (само за САД), WLAN и Bluetooth 3.0. Стандардниот читач на отпечатоци и безбедносниот софтвер Absolute LoJack овозможуваат исклучителна безбедност секаде и во секое време.

Vostro V131 е идеален за секојдневна канцелариска работа како уредување документи, презентации и и-мејл, а исто така овозможува и опции како HD камера, SRS Premium Voice Pro, дигитален микрофон и вграден Skype. Покрај тоа, лаптопот нуди две USB порти 3.0, тастатура со опција за позадинско осветлување и копчиња за брзо стартување.

vostro-04

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium