dell-vovedna-slika

Dell во Македонија ги лансираше новите Inspiron R преносни компјутери (моделите N5110, N7110), чиишто клучни карактеристики вклучуваат променливи капаци од колекцијата SWITCH од Design Studio, што овозможува лесна и едноставна промена на надворешноста на компјутерот со само едно повлекување и еден клик.

Inspiron-Switch_3

Замената на капакот е многу едноставна. Само треба да го притиснете задниот дел на капакот и нежно да го повлечете кон себе. Неговото поставување е уште полесно, бидејќи само треба да се монтира на поставените лежишта. Целиот процес е готов за неколку секунди, без ризик дека нешто може да се оштети или скрши. Dell е единствената компанија која овозможува променливи капаци. Почнувајќи од Ноември, корисниците во Македонија ќе можат да набават палета на капаци од колекцијата SWITCH од Design Studio, која вклучува голем број на живописни бои и уникатни дизајни од независни уметници, дизајнери и партнери, вклучително и OPI.

Inspiron_Switch_2

Деан Чак е уметник и дизајнерка чија работа е призната од голем број на добро познати компании и магазини, меѓу кои American Express, Nike, Swatch, Target, MTV и The New York Times. Нејзините дела, “Lovers in the Morning“ (достапни од август) и “Kaleidoscope“, се дел од колекцијата.

Коракрит Арунанондчаи е роден во Бангкок, Тајланд. Неговите инсталации, надвор од неговата татковина, беа изложени во голем број градови во САД, меѓу кои и Њујорк. Дизајнот “X” на овој уметник, кој е достапен како дел од колекцијата, се однесува на катастрофата на вселенскиот шатл.

Inspiron-Switch_4

Британи Валднер, родена во Балтимор, Мериленд, е графички дизајнер во Big-Giant во Портланд, Орегон. Таа учествуваше со интересен дизајн, наречен “Big Giant Plaid”.

Примамливите дизајни “Horizontal del Infinito in Green“ или “Horizontal del Infinito in Pink“ од Дерек Велч со сигурност ќе го направат Inspiron уште поатрактивен.

Понатаму, Dell претставува цела колекција на дизајни инспирирани од Индија.

  • “Shaadi” ја слави радоста и блаженството на свадбениот ден. Дизајн што потсетува на облека на индиска невеста и употребува живописни бои и традиционални декорации.
  • “Amira” (на Арапски “принцеза“) се разликува по своите прекрасни декорации и драматична боја.
  • “Mehndi“, кој претставува рефлексија од прекрасните традиционални тетоважи на невестите, е дизајн со сложени декорации и интензивни бои.
  • “Sangeet” дизајнот е светол и елегантен со суптилна боја, која ја нагласува сложената декорација што го прославува обединувањето на две семејства.

Оние кои бараат поелегантен изглед, можеби ќе сакаат да ги погледнат капаците инспирирани од боите за нокти, кои се создадени во партнерство со OPI.

Новите променливи капаци SWITCH од Design Studio во Македонија ќе бидат достапни почнувајќи од Ноември.

Inspiron N5110 : N-Серија Base

  • Процесор: : Intel Core i3-2330M (2.2Ghz, 3M cache)
  • Екран: 15.6 инчи High Definition (1366X768) WLED
  • Камера: Вградена 1.0 Mega Pixel Widescreen HD (1280 x 720) камера (N-Серија)
  • LCD капак: Diamond Black Switch капак (N-Серија) w Colour Box
  • Меморија: : 6144MB (1x4096 + 1x2048) 1333MHz DDR3 Dual Channel
  • Хард диск: 500GB Serial ATA (5400RPM)
  • Оптички уред: 8X DVD+/-RW уред
  • Напојувач: Inspiron 65W AC адаптер
  • Напојување: European 1M
  • Батерија: Примарна 6-ќелиска 48W/HR LI-ION
  • Графика: Intel HD Graphics 3000
  • Wireless : Europe Dell Wireless 1702 802.11b/g/n + Bluetooth v3.0+HS Card
  • Тастатура: Внатрешна САД/Интернационална Qwerty тастатура
  • Гаранција - 5 години

Цени

Новите Inspiron R модели се веќе достапни во Македонија. Малопродажната цена изнесува 31.999 денари со вклучен ДДВ. Цената се однесува на наведената конфигурација.

За Dell Design Studio:

Design Studio е интерактивна галерија на оригинални современи уметнички дела кои се овластени исклучиво само за Dell.com и им овозможуваат на поединците повеќе од 200 опции да го претворат својот лап-топ во уметничко дело. Лесното за употреба и интуитивно Design Studio беше воведено во декември 2008 година и брзо се здоби со популарност.

Уметници кои учествуваат: Тристан Итон, Сиобхан Ганинг, Брус Мор, Мајк Минг, Гилаум Волф, Џејсон Бекон, Британи Валднер и Дерек Велч, како и многу други. Исто така, во опциите за дизајн се вклучени делата за (PRODUCT) REDTM, што придонесува за Глобалниот Фонд за борба против сида во Африка и Сузан Г. Комен за лекот што придонесува во борбата против ракот на дојка.

Исто така, Design Studio претставува нов начин за купување на персонален компјутер и негово прилагодување според личниот стил. Со Design Studio, онлајн купувачите виртуелно минуваат низ галерија на портрети, каде што можат да изберат дизајн, да го променат аголот на гледање, да ги зумираат деталите и да прочитаат кратка биографија која ја објаснува работата на уметникот.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium