Епл и пет издавачки куќи се под истрага на Европската комисија за да се утврди дали имаат монопол на пазарот за е-книги.

apple-lupa

Заедно со Епл, предмет на истрагата што ја спровела Европската комисија се и издавачите Хашет, Пингвин, Харпер Колинс, Шустер и Холзбринк.

Европската комисија соопштила дека ќе се фокусира на истрагата за наводни незаконски недоразбирања за ограничување на конкуренцијата во ЕУ, а во Велика Британија надлежната канцеларија во истиот сектор почнала со слична истрага - пренесува БиБиСи.

Истрагата се спроведува со цел да се утврди дали овие компании ги кршат ЕУ-правилата за пласман - се наведува во соопштението. 

iBook на Епл кој со електронски книги ги снабдува корисниците на Ајпед и Ајфон најверојатно е прв на листата што ќе се најде под лупа. 

Слична истрага беше спроведена и врз Гугл, под сомневање дека ја злоупотребува својата положба на пазарот.

Е.П | бркај работа


 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium