Dell го претстави XPS 14z, најтенкиот и комплетно опремен 14” лаптоп кој вклучува внатрешен оптички диск и дискретна графичка опција. Последен во серијата на тенки и моќни решенија од Dell, XPS 14z е идеален лаптоп за работа и забава.

xps-14z-01

Компактен систем, кој ги содржи сите моќни карактеристики за ефикасност и практичност. Новиот лаптоп е достапен со втората генерација Intel® Core™ i5 и Core i7 процесори, HD WLED дисплеј, оптички уред и NVIDIA® графичка опција. Сопствениците на XPS 14z добиваат многу од својот лаптоп, вклучувајќи поголем екран и подобрена подвижност.

14-инчниот HD екран лесно се вклопува како 13-инчен лаптоп, овозможувајќи 10 проценти поголемо видно поле во споредба со 13.3-инчен дисплеј. И со само 1,98 кг, тенкост помалку од еден инч и до 6 часа и 49 минути издржливост на батеријата, тој ја има истата лесна преносливост како и 13” лаптоп. Се карактеризира со актрактивна алуминиумска завршница и едноставен, а сепак елегантен дизајн.

XPS 14z е најновиот учесник во Dell портфолиото на тенки и моќни решенија, а втор во семејството XPS, веднаш зад успешниот XPS 15z. Тенките и моќни решенија на Dell сега го вклучуваат Inspiron 14z и Inspiron One 2320, десктоп компјутери кои се идеални решенија за родители и ученици, како и Vostro V131, лаптоп за мали бизниси. Сите решенија се дизајнирани да овозможуваат одлични перформанси во убави пакувања.

“XPS 14z го нуди она што корисниците го сакаат – моќна функционалност поврзана со одличен, софистициран дизајн кој сигнализира “Јас пристигнав“, изјави Стив Фелис, претседател на Dell’s Consumer and Small/Medium Business group.

xps-14z-02

“Нашиот предизвик со XPS 14z беше да создадеме лаптоп кој на корисниците ќе им ги овозможи перформансите и преносливоста што им се потребни, со дизајн и завршница што ја посакуваат”, рече Сем Брд, потпретседателот на Dell’s Consumer and Small/Medium Business product group.

Dell XPS доаѓаат со Dell Stage кориснички интерфејс, кој со само еден клик овозможува пристап до вашите омилени содржини, вклучувајќи музика, фотографии и видео, како и SyncUP од Nero кој може да ја синхронизира содржината и личните информации со останатите Dell компјутери и мобилни уреди во рамките на вашата домашна Wi-Fi мрежа.

XPS 14z : Standard Base, спецификации

  • Процесор: Втора генерација Intel Core i5-2430M(2.4GHz 4 јадра, 3MB кеш) (1GB графичка картичка)
  • Екран: 14.0in HD WLED True-Life W/ETE & Slim Bezel (1366X768) со 1.3 мега пиксели HD камера
  • Софтвер за препознавање на лице
  • EMEA1
  • DVD ресурс : XPS 14z
  • Меморија: 6144MB (1x2048 + 1x4096) 1333MHz DDR3 Dual Channel
  • Хард диск: 500GB Serial ATA (7200RPM)
  • Оптички уред: 8X DVD+/-RW
  • Напојување: European 250V
  • Напојувач: 90W AC адаптер
  • Батерија: Примарна 8-ќелиска 58W/HR LI-ION
  • Графика: 1GB NVIDIA
  • GeForce GT 520M графичка картичка со Optimus
  • Wireless : Europe Intel Centrino Advanced-N 6230  (2x2 b/g/+ Bluetooth Combo Card)
  • Тастатура: Internal Backlit
  • Оперативен систем: Лиценциран Windows 7 SP1 Home Premium (64 BIT)
  • Microsoft Office Starter
  • Dell Support Center 3.0
  • Windows Live
  • Dell Stage Software
  • Dell Stage E-MAGAZINE
  • Dell Stage E-READER
  • Sync Up
  • Datasafe Local 2.3 Basic
  • Retail Registration 1.0 EDB Only
  • Антивирус: McAfee SecurityCente 15 месеци претплата
  • 5 години гаранција

Достапност и цени

XPS 14z во Македонија е достапен од Ноември по малопродажна цена од 57.999 со вклучен ДДВ. Цената се однесува на наведената конфигурација.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа