Raspberry Pi во соработка со Google работи на создавање на комплет кој го претвора обичниот Raspberry Pi 3 во виртуелен асистент со подршка на Google Assistant.

Тоа е можност преку комплет кој содржи Voice HAT (хардверски додаток), плоча со звучник и микрофон, што им обезбедува на сопствениците на Pi сè, со што треба да додадат гласовна интеграција.

Иницијативата се нарекува „Artificial Intelligence Yourself“ (AIY) и директорот на Google задолжен за проектот, Били Ратлиџ изјави дека компанијата сака да создаде аматерски софтвер и хардвер.

Лошата вест е дека за да се снабдите со комплетот на Raspberry Pi и Google, треба да го купите најновиот број на списанието The MagPi. Од Raspberry Pi изјавуваат дека сетот исто така може да се програмира со сопствени гласовни команди, додавајќи говорна интеграција со други Pi проекти.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium