Компанијата LG објави дека го создала првиот во светот флексибилен транспарентен OLED екран со големина 77 инчи и сооднос 16: 9 т.е дека најдолгата страна е 170.5 сантиметри.

Екранот е со UHD резолуција од 3840x2160 пиксели, нуди транспарентност до 40 отсто и може да се фиксира со калибрација до 80 степени.

Сепак, не очекувајте дека LG ќе прави флексибилни транспарентни телевизори или монитори во скоро време. Овој вид дисплеј технологија ќе се користи за сигнализација на аеродроми, автобуски станици и други места.

Чекор по чекор ние сме се поблиску до светот на електроника со флексибилни екрани, но засега ќе ги гледаме само по јавни места.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium