Компанијата NVIDIA ја претстави најмоќната графичка картичка која што е направена некогаш.

Станува збор за првата графичка картичка на светот со кодно име Titan V која што е центрирана околу Волта архитектурата. Сепак, многумина се сомневаат дека оваа графичка карта ќе има голем успех во продажбата, затоа што иако нуди неверојатни перформанси, сепак најголем проблем е цената која што изнесува 2,999 долари.

Од NVIDIA пак тврдат дека графичката карта е дизајнирана за научни симулации и истражувања околу вештачката интелигенција, па можеме да замислиме само какви перформанси ќе нуди кога станува збор за светот на гејмингот.

Titan V поседува неверојатни 21 милијарда транзистори, 12 GB HBM2 меморија, 5120 CUDA јадра и 640 Tensor јадра.

- Нашата цел беше да ги пробиеме надворешните можности на графичките картички. Со новата архитектура и процесорите, ние поставивме нови темели. Titan V заминува во рацете на истражувачитеи едвај чекам да видам што ќе пронајдат научниците со помош на оваа графичка карта - изјави директорот на компанијата, Јенсен Хуанг.

Засега нема информации околу тоа кога оваа графичка карта ќе биде пуштена во продажба за лична употреба, односно за гејмерите.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium