Поголем сигурносен пропуст е откриен кај компјутерските процесори на Intel, поточно кај оние направени во x86-64 архитектура. Се работи за процесорите кои се користат во компјутерите кои работат на Windows, Linux и macOS.

05ecb2e5b91941e7c06b5e848bd483e5-1200-80

За работите да биде уште позагрижувачки, пропустот е присутен кај сите процесори од компанијата направени во последните 10 години. Во основа се работи за грешка во дизајнот на процесорите која може да се искористи да се види заштитената содржина од апликациите и нивната комуникација со kernel-от од оперативниот систем.

Деталите се моментно под ембарго, но се очекува дека исправката во целост ќе ја одвои кернел меморијата на вообичаените програми. Овој процес би можел да донесе позначајно забавување, бидејќи бара префрлање помеѓу два простора со мемориски адреси секој пат кога постои системски повик или барање за пресретнување на хардверот.

Колку системот ќе биде забавен ќе зависи од процесорот и задачата која се извршува. Најголемиот удар се очекува на системите за визуелизација, како што се Amazon EC2 или Google Compute Engine. Падот на перформансите би можел да биде помеѓу пет и 30 проценти, но постојат докази и за поголеми забавувања. Засега не е познато дали и колку ова ги забавува секојдневните задачи, како гејмингот и сурфањето на интернет, бидејќи е потребно да се извршат дополнителни тестови.

Со оглед на тоа дека се работи за проблем на ниво на чип, грешката е присутна на речиси секој оперативен систем, вклучувајќи ги и Linux, Windows и macOS. Познато е дека во подготовка се софтверски исправки за Linux и Windows, но вистинските решенија кои ќе ги поправат перформансите ќе бараат промени на ниво на CPU. Од друга страна, AMD засега известува дека процесорите на компанијата немаат вакви проблеми поради клучните разлики во управување со меморијата.

Акциите на Intel во текот на вчерашниот ден по ова паднаа за неколку проценти.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium