gototop

Индија го претстави  прототипот на најефтиниот лаптоп на светот, кој чини само 35 долари, со цел да ja подобри информатичката писменост на учениците и студентите.

Mинистерот за развој на ресурси Капил Сибал соопшти дека министерството започнало преговори со светските производители на компјутери за можноста за масовна продажба на овој уред, додавајќе дека во оваа развојна фаза лап-топот чини 35 долари, но целта е цената да падне на само 10 долари.

Компјутерот со екран на допир  работи на „Линукс“, а  опремен е со интернет пребарувач, ПДФ читач и додатоци за видео конференција, а хардверот е направен со можности за додавање на нови компоненти, според потребите на корисниците.

Портпаролот на министерството, Мамата Варма, истакна дека целта на Владата е овој лаптоп да започне да се применува во високо-образовните институции во 2011 година.

лаптоп за 35 долари

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email