Фејсбук почнува со продажба на акции на берзата NASDAQ нешто по 17 часот денес по наше време. Акциите се отворени за јавноста и чинат 38 долари по акција.
Ахерк се вика страницата којашто Рафаел Калдас ја создал за да се уценува самиот себе. Интернет страницата служи за „автоуцена“, односно за полесно остварување на целите коишто сме си ги зацртале.
Историчарите и научниците од универзитетот Стенфорд направиле интерактивна мапа наречена ORBIS која покажува колку долго и скапо било патувањето за луѓето (и храната) помеѓу градовите во Римската империја.
Како се добиваат еден куп нови понуди за пријателство и претплатници? Правиш лажна фотографија на која велиш дека ако ти кликнат лајк ќе можеш да видиш кој ти го гледа профилот и се полниш со покани.
Ако сте играле Starcraft на времето или сега, особено со Земјаните или Протос, не можете да не се наежите кога некој ќе спомне напад на Зерги. Епа Гугл направил сопствена верзија од инвазијата на малите зерглинси.
Гугл денес е во едно интересно издание, а веројатно го има и најзабавниот „Google-Doodle“ кој досега го има направено. Како изгледа вистински, па ѕирнете де.
Дури шест од 10 артикли на Википедија содржат неточни податоци - покажало едно ново истражување. Бројот на грешки во фактите покажува дека никако не смеете да ја користите онлајн енциклопедијата како единствен извор на податоци и информации.
Фејсбук „фрли око“ на Инстаграм и го купува за една милијарда долари. Оваа вест доаѓа по само една недела од лансирањето на Андроид верзијата на оваа апликација.