Мајсторите на пишаниот збор од НеСеЗамарај блогспот страницата, ни оддаваат голема чест со тоа што секоја наша вест тие ја преземаат на својата страница како авторско дело.

Со оглед на тоа дека редакцијата на бркајработа е исклучително поласкана од ваквиот лоповлук проследен со голема доза комплименти, не би сакале да останеме без коментар и благодарност за тоа што го прават, секако.Епа, и официјално праќаме благодарност преку оваа статија.

Царевите од НеСеЗамарај исто така ви нудат и место за нивната реклама, па еве, ние ќе им помогнеме во тоа и ќе бидеме на некој начин маркетинг посредници за она што тие го нудат како свое, а го земаат од нас, па очекуваме провизија од евентуалните реклами од, да речеме, 7 % што кога ќе се додадат на оние 90% коишто ги бараме заради авторскиот труд, се добива бројка од 3% заработка што не е лошо, со оглед на трудот којшто НеСеЗамарај го вложува.

lopovi-01

lopovi-02

Чиста работа, а? :)

В.Н. | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium