„Гугл Баз“, социјалната мрежа во обид на гигантот Google, конечно заминува во вечните интернетски почивалишта.

buzz-died-01

Челниците на Гугл уште одамна признаа дека Buzz не е успешен проект и дека ја промашиле работата, а тоа особено го потврдија со неодамнешното лансирање на новиот обид којшто го нарекоа „Плус“. Во еден блог пост тие најавија дека оваа недела е последната недела од животот на Buzz.

Buzz беше обвинуван дека е премногу јавен и дека ја открива приватноста на корисниците на Gmail, по што беа направени неколку измени, но штетата веќе беше направена и неговата репутација никогаш не се врати барем на позитивна нула. Голем дел од корисниците на gmail воопшто и не го користеа Buzz бидејќи во него немаше никаков предизвик, за разлика од моменталниот Google + којшто има голем потенцијал.

Сепак, доколку првите луѓе на компанијата не најдат начин како својата мрежа да ја направат уште попопуларна, тешко дека ќе има поинаква судбина од онаа на Buzz. За тоа време Фејсбук сè уште го држи приматот и се чини дека нема ниту да попушти под притисокот на плусчето коешто во моментов има околу 40 милиони корисници, бројка којашто воопшто не е за потценување.

В.Н. | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium