Скоро 42% од студентите се загрижени дека она што го објавуваат на страниците на социјалните мрежи, како што се Фејсбук и Твитер, може да им наштети и да им ги уништи шансите за добивање на работа - открива истражувањето на компанијата за истражување на пазарот YouGov. Многумина од нив не преземаат доволно мерки за да се заштитат од кражба на идентитетот - потврдува истражувањето.

Младите се плашат дека поради својот Фејсбук профил нема да најдат работа

„Младите се опуштени кога приватноста е во прашање. Тие особено не внимаваат на информациите кои ги објавуваат на интернет. Но, многумина од нив не знаат како можат да се заштитат“ - истакнува експертот за информации, Кристофер Грахам.

Луѓето треба да внимаваат што пишуваат на интернет. Не смеат да заборават дека он лајн треба да се однесуваат исто како и во вистинскиот свет - објаснува Џон Тејлор од компанијата Acas која се занимава со решавањето на конфликтите на работното место.

Сите оние кои ги објавуваат своите мислења и моменталното расположение на интернет треба да знаат дека тие објави се јавни и дека нивните шефови или потенцијални шефови можат да ги прочитаат. Луѓето не се свесни во што се впиштаат - додава Тејлор.

И.К | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium