gototop

Anonymous ги демантираа најавите дека на 31 март со хакерски напад ќе го исклучат интернетот. Последниве денови низ интернет експресно се рашири информацијата за операцијата Global Blackout чија цел е наводно рушењето на 13 сервери низ кои поминува целокупниот интернет сообраќај.

Анонимните го дематираат нападот: Гасењето на интернетот е тежок потфат

Сè започнало со една порака во која анонимен автор до детали објаснил како Анонимните планираат да ги нападнат серверите. Во планот исто така е наведено дека таквиот напад нема вистински да го сруши интернетот, туку целосно ќе го блокира пристапот до одредени интернет страници.

Експерите за безбедност на интернет сметаат дека Anonymous не можат туку така да го изгасат интернетот, а и самите хакери признаа дека таквиот потфат е навистина тешко изводлив.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email