Vip

Ахерк се вика страницата којашто Рафаел Калдас ја создал за да се уценува самиот себе. Интернет страницата служи за „автоуцена“, односно за полесно остварување на целите коишто сме си ги зацртале.

aherk-01

Сите знаеме дека понекогаш притисокот којшто ни е поставен во училиште, на факултет или на работа може да делува страшно мотивирачки врз нас. Штосот е што не си дозволуваме да добиеме единица, да паднеме испит или да нè избркаат од работа, па наеднаш, знаејќи до кога ни е рокот, работиме најсилно и најбрзо што можеме за да не ни се случи казната во форма на кец или отказ.

Но, секојдневните задачи коишто си ги поставуваме, како миење на садовите, држењето диета или не дај Боже нередовното туширање немаат сериозни последици по нас дури и да не ги исполниме во зададениот рок. Освен последното секако, особено ако живеете со цимери или со партнерот, па да изедете прописен ќотек.

Оваа интернет страница ќе ви помогне во тоа. Системот е многу едноставен. Прикачувате фотографија каде што не си се допаѓате или каде што ве фатиле во компромитирачка поза и му давате дозвола на сајтот да ја објави доколку не ја исполните целта.

Давате рок, а по рокот, вашите пријатели гласаат дали сте ја исполниле целта или не. Доколку изгласаат НЕ, фотографијата ви ја објавуваат на Фејсбук. Епа ако тоа не ве мотивира, не знаеме што би ве мотивирало.

Ахерк - едноставен, а генијален програм.

В.Н. | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila