„Гугл“ работи на нова технологија која ќе овозможи брзина на интернетот до 10 гигабајти во секунда. Тоа е значително побрзо од сегашниот Google Fiber сервис кој изнесува 1 гигабајт во секунда.

internet-google

Според кажувањето на директорот за финансии во „Гугл“ Патрик Пишет, наредната генерација на сервисот е дел од „долготрајната опсесија“ на компанијата за поголема брзина на интернетот.

Пишети истакна дека повисоките брзини ќе се постигнат со зголемена употребата на софтверот како сервис затоа што тоа е нешто кон кое се движи светот.

Google Fiber, овозможува брзина на интернетот од еден гигабајт во секунда. Моментално е достапен само на жителите на Канзас Сити, но сервисот наскоро ќе биде проширен.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium