
Online следењето на сурферските навики на корисниците е рaстечки проблем кој го користат огласувачите за да дознаат кои се омилените страници, производи и услуги на одредени корисници, со цел во вистински момент да им сервираат одговарачки огласи.
Microsoft сака да и стави крај на оваа пракса со својот додаток за Internet Explorer 9 наречен Tracking Protection Lists.
Со овој додаток Microsoft нема само да составува листа на страници кои треба да се блокираат, туку на корисниците ќе им овозможи да преземаат такви листи од организициите кои работат на нивна заштита, како и од оние кои го застапуваат ставот дека огласите треба стандардно да се блокираат, а ќе овозможи и самите корисници да додаваат „забранети“ страници на листата.
Tracking Protection Lists ќе биде претставен во RC (Release Candidate) верзијата на Internet Explorer 9 која треба да се појави некаде на почетокот на следната година.
И.К | бркај работа
