Покрај опцијата „unfollow“ која овозможува да сокриете нечии објави без да ги избришете од листата на пријателите, „Фејсбук“ воведува нова алатка за уредување на нашиот „News Feed“.

Имено од компанијата велат преку посебно мени на News Feed ќе воведат приказ на омилените пријатели, лајкувани страници и групи во последните седум дена, кои ќе се наоѓаат на врвот и на едно место ќе се собира она што вам ви привлекувало најголемо внимание во последната недела.

Од истиот преглед, ќе имате можност и да следите пријатели, страници или групи, а ќе ви бидат прикажани и пријатели, страници и групи кои претходно сте ги следеле.

Ќе можете да ги сортирате и многу едноставно да ги означите оние кои повеќе не сакате да ги следите.

Дополнителна е опцијата See less, која ќе го ограничи објавувањето на некои од постовите, но нема да ги блокира во целост. Можете да одбирате и да ви се прикажува некоја помала објава од некој кој едноставно не ви е толку интересен, но не сакате потполно да се решите од него бидејќи понекогаш има и нешто забавно во неговите постови.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium