На социјалната мрежа Фејсбук и се заканува тужба за повреда на приватноста на корисниците.

Доколку го изгуби спорот, компанијата ќе мора да плати по 10.000 долари за секое кршење на приватноста на корисниците, за година дена наназад на сите корисници кои имаат профил.

Според тужбата која е поднесена уште во декември 2013 година, Фејсбук ја скенирал содржината на приватните пораки за потребите на огласувачите. Со тоа го прекршил актот за приватност во електронските комуникации и законите за приватност и нелојална конкуренција.

Доколку некој корисник во текот на допишувањето со пријателите разменил линкови кон други страни, Фејсбук би ги следел тие линкови за да побара информации за корисникот, со што би направил профил на неговите онлајн активности - се вели во тужбата.

Интернет гигантот   се обиде да ја отфрли тужбата, тврдејќи дека упадите биле незаконски, бидејќи не спаѓале во стандардните рамки на работење на Фејсбук.

Судијата од судот во Калифорнија, во средата донесе одлука дека тужбата против Фејсбук може да оди на суд.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа