gototop
Дружењето преку социјалните мрежи може да постигне позитивни резултати, но само доколку се користи на професинален начин. Секоја фотографија која ќе се објави на профилот мора да биде внимателно одбрана. Така фотографиите кои прикажуваат спортски активности и мирен семеен одмор го прават профилот уреден, а истовремено и активен.

Правила за однесување на Фејсбук

Потенцијално навредливите активности како што се злоупотребата на алкохол или сексуалната експлицитност не би требало да бидат дел од фото албумот. Секогаш постои можност работодавците да го проверат профилот на кандидатот на Фејсбук, а незрелоста може да биде клучен фактор при вработувањето на кандидатот.

Примерни статуси

Статусите кои се ставаат на Фејсбук би требало да се однесуваат на дневните активности, посебните случувања или идните планови кои се погодни за јавно објавување. Иако статусите понекогаш служат за покренување на групни расправи и дебати, треба да се воздржите од објавување на незгодни и грди коментари кои можат некого да навредат.

Пораките не се јавни

Ако организирате дружење со пријателите или членовите на семејството избегнувајте јавно да објавите на нечиј ѕид каде што секој има пристап до пораката. Ако треба нешто посебно да доставите некому секогаш праќајте приватна порака која ќе ја види само таа личност.

Без непознати луѓе на листите на пријатели

На листата на пријатели треба да има место само за луѓето кои ги познавате, а таму никако не смеат да се најдат непознати. Ако го ограничите бројот на луѓе кои може да бидат на листата на пријатели, тоа ќе Ви помогне во спречувањето на кршењето на приватноста и ширењето на вируси. Наместете ги подесувањата за приватност во согласност со тоа колку сакате да го заштитите профилот.

Комуницирајте со соработниците

Не ја отфрлајте можноста за комуникација со соработниците и шефовите на Фејсбук, бидејќи така можете повеќе да дознаете за работите и да се изборите за напредок во својата кариера.

Бркај работа Ве информираше, а Ваше е да изберете дали ќе ги примените овие совети.

И.К | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email