Flash досега беше кралот на рекламите,  иако ни денес не може да се најде сајт на кој нема реклама направена во Flash сега станува дел од дигиталната историја.

 Flash технологијата во изминатите 20 години имаше огромен удел во онлајн рекламирањето, но од Google тврдат дека овој формат ги оптоварува интернет страниците и ја зголемува потрошувачката на батеријата на мобилните уреди, што со еден збор значи деградирање на корисничкото искуство.

Рекламите во Flash повеќе нема да се движат автоматски, туку ќе бидат паузирани, така што ќе се движат само ако корисниците сакаат да ги разгледаат. Новоста е најавена за Google Chrome бета верзијата пред три месеци, кога во Google отворено објавија дека сакаат да го подобрат корисничкото искуство за сурфање со нивниот веб прелистувач но и да ги ослободат ресурсите на компјутерите, кои Google Chrome жестоко ги троши.

Тоа беше всушност најголемата маана на Chrome.

Google на корисниците на AdWords веќе одреден период им нуди можност за автоматско конвертирање на Flash рекламите во HTML5. Тие кои што не може да бидат конвертирани се препорачува да бидат направени во HTML5 или некоја друга технологија од самиот почеток.

Доколку сте корисник на Google Chrome и не би сакале да ви биде блокирана одредена Flash содржина автоматски, истото можете да го промените преку Settings > Show advanced settings > Content Settings > Plugins.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium