Повеќе од 225.000 „Apple“ телефони „iPhone“ и таблети „iPad“ се заразени со новиот вирус „KeyRaider“.

Со вирусот се погодени корисници од вкупно 18 земји, меѓу кои е и Кина, но и Франција, Русија, Јапонија, Велика Британија, САД, Канада, Германија, Австралија, Израел, Италија, Шпанија, Сингапур и Јужна Кореја.

- Ова е најголемиот грабеж на налози на „Apple“ предизвикани од одреден вирус - пишува американската компанија за информатичка безбедност „Palo Alto Networks“ на својата интернет страна, каде ги резимираат резултатите од истрагата која ја извршиле заедно со групата аматери „Weip Tech, WT“, која ги собира фановите на „Apple“ во Кина.

Вирусот функционира така што влегува во комуникација со „iPhone“ и „iPad“ уредите преку „iTunes“, музичката интернет продавница на „Apple“, и така хакерите доаѓаат до налозите на корисниците на „Apple“.

Некои жртви на овој вирус констатирале абнормални купувања, други доживеале хакерска блокада на уредите, а потоа од нив бил побаран откуп за отклучување.

Од „Apple“ е соопштено дека со проблемот биле погодени исклучиво оние кои не само што ги деблокирале своите уреди со цел да овозможат користење на фукции кои не се користат од производителот, туку и оние кои веќе го превземале вирусот пристапувајќи на небезбедни извори.

- Превземени се сите мерки за да се заштитат корисниците кои се засегнати од овој проблем - децидни се од „Apple“.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium