Овој пат, планот е адресите на живеење и мобилните телефони на корисниците да бидат достапни за Facebook апликациите и други веб сајтови, со одобрение на корисникот.
Идејата зад овој потег е да се олесни е-комерцијата, но многумина стравуваат дека спамерите и измамниците ќе добијат ново средство за достигнување на своите цели. Противниците на идејата нагласуваат дека иако за пристап до личните информации е потребна согласност од корисникот, едноставниот дијалог наменет за тоа не нагласува дека адресата на живеење и бројот на мобилниот телефон на корисникот ќе бидат достапни на не секогаш доверливи странки.
Се прашуваме, што беше тоа приватност?
