gototop
При регистрацијата и логирањето на најпопуларната социјална мрежа корисниците ги дочекува порака дека Фејсбук е бесплатен и дека секогаш ќе биде бесплатен. Но, од друга страна, Фејсбук е преполн со огласи, а како што тргнале работите, ќе има сè повеќе. 

Фејсбук ги претвара нашите „лајкови“ во огласи

Екипата на Фејсбук вчера ги претстави новите маркетинг облици на својот сервис. Отсега на корисниците, во зависност од нивната активност, ќе им се појавуваат т.н. спонзорирани приказни.

Вообичаено, на корисниците од десната страна им се прикажуваа огласи поврзани со нивните интереси, а Фејсбук сега ја надополнува маркетинг промоцијата со спонзорирани содржини поврзани со активноста на корисниците.  

На пример, доколку во текот на денот ја посетите страната на некој од познатите брендови, а некој од Вашите пријатели го посети брендот на Фејсбук, нему во просторот за огласи ќе му се покаже Вашата активност поврзана со тој бренд.

Освен од „лајковите“ огласите ќе бидат активирани од Вашите „пријави“ на одредени локации преку Facebook Places (но, оваа опција сè уште не е активна на корисниците во Македонија).

И кога веќе сте на Фејсбук, не заборавајте да станете фан на Бркај работа. ;) 

И.К | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email