Марко Марсала, сопственик на хостинг компанија,  по грешка внесол наредба за бришење во компјутерот, со што побарал бришење на сите податоци од серверите.

Тој ги избришал сите податоци од своите сервери, вклучувајќи ги и податоците за својата компанија, но и податоци за интернет страници на кои се грижел за своите клиенти.

 Погрешната команда во кодот кој го внесол била "rm-rf", каде "rm" претставува наредба "отстрани", додека следното "r" брише сè од зададената директорија, а "f" тоа го прави "на сила", кажувајќи му на компјутерот да ги игнорира вообичаените предупредувања, кои би се појавиле во текот на постапката за бришење.

По стискање на копчето Ентер, таа линија од кодот избришала сè од серверот, без исклучок.

- Имав мала компанија која дава услуги за "web hosting" на 1.535 клиенти и користам "Ansible" за да ја автоматизирам операцијата која ќе се спроведе на сите сервери. Вчера случајно отворив, на сите сервери, скрипта со "rm-rf{foo}/{bar}" со недефинирани варијабли, поради грешка во кодот над таа наведена линија - вели Марсала.

- Жал ми е што морам ова да ти кажам, но твојата компанија во основа е мртва. Можеби имаш неверојатно мала шанса да ги вратиш податоците доколку во моментов исклучиш сè и ги предадеш дисковите во некоја респектабилна компанија која професионално се занимава со изгубени податоци во компјутери - му одговорил еден корисниците форумот каде Марко напишал свој текст за проблемот.

Други го советувале да го промени форумот, бидејќи само што останал без компанија, и му порачале да му се јави на својот адвокат. Имало и такви кои го навредувале, нарекувајќи ја неговата грешка "целосна негрижа и лош дизајн, а не несреќен случај".

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium