Компанијата Мајкрософт направи промени во Скајп воведувајќи ткн. „гостински“ интерфејс кој овозможува да се воспоставуваат и примаат повици, без потребата да се преземе апликацијата или компјутерската програма, или пак да се регистрира кориснички профил.

За да се направи повик, треба само да се оди на адресата skype.com. Таму, корисникот добива линк кој може да го сподели со било кого, а потоа на дадениот линк може да се започне аудио или видео повик, групна порака и да се споделуваат документи.

Контактот ќе може да комуницира со корисникот на истиот начин доколку го посети линкот кој бил споделен, на интерфејс кој би им бил познат на сите кои користеле Skype.

Податоци за разговорите и линкот постојат 24 часа, после што сосема се бришат.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium