Популарната социјална мрежа Фејсбук патентираше технологија која овозможува преку вашиот паметен телефон да ви се снимаат изразите на лицето за да би можеле да ги следат вашите реакции на различни содржини.

Принципот е многу едноставен. Доколку на одредена објавена содржина реагирате позитивно, Фејбук ќе ви нуди повеќе вакви содржини.

Патентот е осмислен уште во 2015. година, а потпишан е од страна на софтверската компанија CBI Insight.

Доколку од порано веќе чувствувате недоверба кон оваа социјална мрежа, оваа новост која ја воведува Фејсбук уште толку ќе ве обесхрабри.

Всушност, Фејсбук во тајност развива нова технологија со која буквално ќе можат да ве шпионираат.

banner-zdravoMladi

piratiteOdKaribiteMilenium