Познатиот торент сервис The Pirate Bay е прогласен виновен за кршење на авторските права дури иако на неговите сервери нема авторски заштитена содржина, одлучи деновиве Европскиот суд за правда.

- Содржините кои што се ставени на располагање на корисниците на платформите за размена на датотеки како The Pirate Bay не се поставени на таа интернет платформа од страна на неговите администратори, туку од страна на корисниците. Сепак, останува фактот дека администраторите со ставањето на располагање и управување на платформата за размена на датотеки, се свесни за последиците од ова - стои меѓу другото во пресудата на Европскиот суд за правда и се заклучува:

- Поради тоа, може да се смета дека администраторите имаат важна улога во поставувањето на содржините на The Pirate Bay“.

Оваа одлука на Европскиот суд за правда не само што им дава за право на адвокатите кои што штитат авторски права да поднесуваат тужби, туку им даваат право на интернет провајдерите да го ограничат пристапот до The Pirate Bay.

Групата за борба против интернет пиратеријата - Stichting Brein, која што го стартуваше целиот случај пред холандските судови пред осум години, соопшти дека е задоволна од пресудата на Европскиот суд за правда.

- Илегалните страници се натпреваруваат со легалните доставувачи на содржини, а целиот приход го ставаат во сопствениот џеб. Произведувачите, продуцентите и издавачите не гледаат ништо од тоа. Тоа значи дека таа содржина нема да биде ажурирана ниту пак новата содржина ќе биде реална - изјави директорот на Stichting Brein, Тим Куик.

banner-zdravoMladi

piratiteOdKaribiteMilenium