Министерството за финансии на Република Македонија ќе побара од „PayPal“ да се отпочне постапката за воведување на услугата „прием на пари” во Македонија преку платежниот сервис на оваа компанија.

Ова е заклучокот од вчерашната средба што се одржа во Министерството за финансии, а на која присуствуваа претставници од Министерството, министерствата за економија и за информатичко општество и администрација и од четири банки во Македонија.

- Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања преку „PayPal - се вели во соопштението објавено денеска од страна на Логин системи кои се иницијатори за воведување на „PayPal“.

Претходно од оваа категорија:

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа