Хакерите, кои стојат зад вирусот WannaCry, собрале 143 илјади долари во форма на биткоин, платени од настраданите корисници.

Засегнатите потрошувачи имаа опцијата да ги откупат заробените датотеки како резултат на вирусот, откако ќе платат со крипто валутата. Така хакерите собраа 52.2 биткоини, чија вредност е еднаква на околу 143 илјади долари, а сумата е повлечена од интернет паричници, каде била зачувана.

Ова беше потврдено од Elliptic – компанија базирана во Лондон која им помага на властите да следат криминалци кои користат криптовалути.

Том Робинсон, основачот на лондонската компанија забележува дека најверојатно повлечените биткоини се разменети во неколку други виртуелни валути.

Според него, Elliptic го следеле движењето на повлечените криптовалути, а според нив дел од нив се разменети во Monero – криптовалута фокусирана на приватноста на личните податоци.

„Продолжуваме да работиме со властите за да ги поддржиме нивните напори за следење на сопствениците на овие средства“, вели Робинсон.

Билансот на онлајн паричниците на кои требаше да се испраќа откуп, во моментов е нула.

Вирусот WannaCry се појави во компјутери низ целиот свет во мај оваа година. Малициозната програма ги енкриптира сите датотеки на компјутерите на корисниците, влади, компании и други, откако потоа бара откуп за да ги отклучи датотеките во износ од 300 долари по компјутер, платени преку биткоин.

За време на нападот, цената на биткоин падна од тогашните 1.848 долари до 1.644 долари.

milenium-baner