Корисниците на социјалната мрежа Фејсбук во Европа вчера се пожалија дека не можат да пристапат до нивните сметки околу 18 часот.

Има проблеми и во декстоп верзијата, но и во мобилната апликација. Сопствениците на страници исто така неможеа да пристап до нив ниту да постираат нова содржина.

На сајтот „Down detector“ на кој корисниците се обраќаат кога имаат проблеми со пристап до одреден сајт, се поднесени над 3.000 сигнали.

Корисниците гледаат бела страница и немаат пристап до најпопуларната и најпосетена социјална мрежа. Сличен беше проблемот и со Инстаграм, мрежа која исто така е во сопственост на Марк Зукерберг.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа