Американската компанија „Facebook“ ја одбра Велика Британија како прва држава по САД, за да ја лансира својата нова платежна услуга во чат апликацијата „Messenger“. Преку неа, локалните корисници ќе можат да испраќаат пари преку најобична порака.

Оваа услуга беше лансирана во САД пред две години, а социјалната мрежа тврди дека е широко користена за мали нешта, како што е делење на сметки во локали, испраќање подароци и друго. Според статистичкиот оддел на компанијата, повеќето корисници испраќаат помалку од 50 долари, што е околу 38 фунти.

Според „Facebook“, изборот за земја која ќе ја распореди услугата не е случајна, бидејќи има многу „мобилно компетентни корисници“ во Велика Британија.

Со цел да ја лансира оваа услуга од „Facebook“, компанијата соработува со сите поголеми банки и компании со кредитни картички. Со цел примателот и испраќачот да разменуваат средства, тие ќе мора да ги регистрираат своите банкарски сметки кои се соодветни за таа намена.

Меѓутоа, независните статистички компании се помалку сигурни за успехот на услугата. Тие потсетуваат дека пред три години, неколку големи британски банки се обиделе да спроведат слична услуга, наречена „Paym“, која не влијаела на постојните начини на плаќање. Со оглед дека природата на плаќањата на „Messenger“ е во голема мера иста, се поставува прашањето зошто да се очекува поинаков резултат?

„Facebook“ тврди дека плаќањата преку „Messenger“ ќе бидат успешни бидејќи луѓето бараат едноставност. Едно е сигурно – „Messenger“ дефинитивно е доста полесна и поприфатлива апликација со која се запознаени доста луѓе, во споредба со специјализираната апликација на „Paym“ што бара посебна сметка.

Според Дејв Маркус, еден од извршните директори на „Messenger“ очигледно е од пораките на корисниците дека тоа им е потребно.

- Се повеќе и повеќе луѓе разговараат преку „Messenger“, отворајќи тема за плаќање едни на други“, додава тој. „Како резултат на тоа, сосема е природно дека ова е место за вас да имате најсериозен и најсигурен начин меѓусебно да споделите пари - вели тој.

Банкарскиот сектор во Велика Британија зазеде став против „Paym“ апликацијата, верувајќи дека корисниците најверојатно ќе продолжат да веруваат најмногу на онлајн услугите кои ги нудат нивните банки. Останува да видиме дали се во право, или допрва ќе научат тешка лекција од „Swish“ и „Facebook“ во однос на простите апликации и системи, како неопходна основа за раст на нова услуга.

Но, едно е сигурно, корисниците треба да бидат внимателни кога му дозволуваат на „Facebook“ да преземе друг дел од нивниот живот. Додека услугата „Messenger“ e бесплатна за користење, бизнис моделот и технологијата зад неа, а и зад „Facebook“ како целина, се базира целосно на „ангажирање“ – задржување на корисниците максимално време на линија во платформата, за да можат да бидат прикажани повеќе реклами.

Значи, прашањето дали треба да го пуштиме „Facebook“, освен во нашите животи и во нашите паричници, допрва треба да добие на сила и да биде предмет на бројни дискусии.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа