Апликацијата за фотографии и видео споделувања, „Instagram“, објави нова функција која им овозможува на корисниците да следат хаштагови. На овој начин, тие ќе можат да ги следат темите кои ги интересираат.

Повеќе нема да морате рачно да барате хаштагови во пребарувачот. Од денес, корисниците можат да додаваат хаштагови поврзани со нивните омилени работи, за да можат да ги следат додека ги следат пријателите, брендовите и познатите личности на платформата.

Откако корисникот ќе го следи дадениот хаштаг, неговите главни публикации и приказни ќе се појавуваат во топ публикациите и „Stories“, вклучувајќи го тој хаштаг. Сето ова ќе се случува целосно автоматски.

Запирањето на следење на хаштагот е исто како и при другите сметки – со копчето „Unfollow“.

„Instagram“ навести за новата функција во рамките на тестот минатиот месец, но опцијата беше достапна само за мал број корисници. Сега се објавува за сите корисници ширум светот, давајќи им на сите во мрежата шанса да откријат нешто ново секој пат кога ќе ја видат својата листа на нови постови.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium