Рајан, едвај шестгодишниот „водител“ на Ryan ToysReview, популарен YouTube канал во кој се оценуваат играчки денес живее како мултимилионер.

Каналот во Youtube, управуван од неговото семејство, има генерирано нето добивка за 11 милиони долари во 2017 година, а момчето е додадено во листата на најдобро платените личности во YouTube на Forbes.

Со оваа добивка, Ryan Toys Review се пласираше на осмото место на листата. Лани, The Verge пишуваше за тоа како родителите на Рајан снимаат видеа за каналот со него речиси секојдневно – од март 2015 година.

Самата сметка е создадена кога Рајан имал само четири години. Се тврди дека тој ги прашал родителите дали може да ги оценува играчките пред камерата, особено откако бил фан на слични канали на YouTube.

Ryan ToysReview имал бавен почеток, но во јули 2015 година еден видео клип станува вирусен хит. Станува збор за големо чоколадно јајце Kinder во кое биле скриени повеќе од 100 играчки со содржина од филмот на Pixar „автомобили“. Во тоа време, видеото има над 800 милиони посети.

Каналот обично нуди осврти и рејтин на нови играчки и детски производи а коментарите на момчето обично се многу чесни и ентузијастички, додека неговите родители исто му даваат инструкции.

Во моментов Ryan ToysReview има повеќе од 10 милиони претплатници, освојувајќи повеќе од 1 милион долари месечно од приходите од реклами, тврди The Verge.

banerIscelitelMilenium