Компанијата „Google“ излезе со соопштение дека отстранила над 700.000 мобилни апликации од онлајн продавницата „Google Play“, кои ги прекршиле општите услови и правила во 2017 година.

Бројот на избришани апликации е 70% повеќе од претходната година. Од технолошкиот гигант соопштија дека успеале да отстранат 99% од некоректната содржина пред некој корисник да успее да ги инсталира на својот уред. Ова е постигнато преку автоматизирани процеси и машинско самообучување на алгоритми, кои го следат квалитетот на мобилните апликации, кои се закачуваат.

Интеграцијата на новите технологии ја претвориле онлајн продавницата на „Google“ во до десет пати побезбедно место за инсталирање на нов софтвер, отколку ако се потпира на надворешни извори за содржина.

На мета биле три тип на апликации. Првиот е софтвери имитатори – кои копираат познати апликации и се потпираат на ситни „итроштини“ во промена на кодот, за да ги заведат алгоритмите на „Google“. Од сите речиси една четвртина милиони избришани спаѓаат во оваа категорија.

Вториот тип на апликации се оние кои содржат несоодветни содржини кои ги прекршуваат општите услови. Може да вклучувале порнографски елементи, насилство и многу повеќе. Последната категорија се мобилни апликации кои можат да бидат опасни за корисниците – како малициозни кодови и вируси.

Google престана да објавува колку е вкупниот број на наслови достапни во онлајн продавница, но според податоците на „Statista“, кон декември 2017 година тие биле 3,5 милиони.

Истиот месец година порано тие беа 2,6 милиони, што покажува дека и покрај голем број на избришани апликации, се одржува трендот на пораст.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium