Коосновачот и сопственик на социјалната мрежа Facebook, Марк Зукерберг, повторно беше самокритичен откако на 14-годишнината на социјалната мрежа изјави дека има направено многу грешки.

- Низ годините сум ги направил речиси сите грешки кои можете да ги замислите. Направив десетици технички грешки и лоши трансакции. Се доверив на лоши луѓе и назначив талентирани луѓе на несоодветни места. Пропуштив важни трендови и реагирав бавно на други. Пуштав производи кои носеа неуспех по неуспех“, напиша тој на личната страница.

Неговата порака за 14-те години, кои поминаа од создавањето на Facebook, кога тој беше студент на престижниот американски Универзитето Харвард, до трансформирањето денес во најголемата светска социјална мрежа со околу 2 милијарди корисници, е последната во серија негови признанија за направени грешки. Facebook беше критикуван за ширење лажни вести и се обидува да се справи со овој проблем.

Новата порака на Зукерберг изгледа дека значи дека социјалната мрежа постојано ќе прави оценка на своето функционирање.

- Причината поради која нашата заедница постои, не е затоа што не сме правеле грешки. Тоа е бидејќи нашето верување е дека она што го правиме е доволно важно за да продолжиме со обидите да се справуваме со предизвиците со кои се соочуваме, знаејќи многу добро, дека ќе имаме уште неуспеси, но тоа е единствениот начин да одиме напред - пишува во заклучокот Марк Зукерберг.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium