промотивен текст
Скрипти, книги, белешки, семинарски… mkstudent.com функционира како дигитална библиотека за материјали од скоро сите факултети и насоки. Сајтот главно е наменет за размена на содржини помеѓу студентите, и претставува прва страница од ваков тип во Македонија.
„Поттикнати од големиот недостаток на соодветни наставни содржини како и немање соодветно место за нивна размена, се одлучивме да го создадеме mkstudent.com”, се вели на веб сајтот.
Идејата на веб страницата е да овозможи непречена размена на содржини меѓу високообразовните институции во државата, со што би се подигнал квалитетот на образованието. Сè што треба да направите за да симнувате материјали е да бидете регистрирани на сајтот. Регистрацијата е бесплатна. Исто така можете да ги коментирате и оценувате материјалите.
