На секој четврти млад човек му се здосадени социјалните мрежи, вклучувајќи ги и Фејсбук и Твитер - открива едно ново истражување.

Социјалните мрежи стануваат досадни

Околу 24% од младите од 18 до 29 години признаваат дека ги користат социјалните мрежи помалку отколку кога прв пат започнале да ги употребуваат, додека 31% од нив повеќе не гледаат ќар во нив. Но, 37% од младите социјалните мрежи ги користат уште повеќе од порано - напоменуваат британските експерти.

Главната причина зошто популарноста на социјалнте мрежи опаѓа е и „он лајн“ приватноста - открива истражувачката компанија Gartner. Околу 33% од испитаниците се загрижени за приватноста и заштитата на личните податоци на интернет. Кај тинејџерите тој процент изнесува 22%. Загриженоста на корисниците за приватноста бара трајна внимателност кај вработените во социјалните мрежи.

Ќе бидат потребни иновации со кои корисниците повеќе ќе бидат заштитени - истакнува британскиот истражувач, Брајан Блау. Лекцијата треба да се научи од компанијата Фејсбук која секојдневно ги тестира границите на толеранцијата на потрошувачите во потрага по поголеми приходи - смета експертот Шарлот Патрик.

Во велика Британија, САД и Јапонија, околу 40% од испитаниците користат социјални мрежи повеќе од почетокот, 40% од нив користат исто колку и на почетокот, а 20% помалку киснат пред мониторот отколку кога првпат станале корисници на заразните социјални мрежи.

Во која група спаѓате Вие?

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа