Дури 56% од младата популација се изјаснила дека била малтретирана на интернет од луѓето коишто модерно ги викаат „он лајн силеџии“.

online-harassment-01

Преку една анкета на Асошиејтед прес и MTV се увидело дека бројката оваа година достигнала 56% што е зголемување од педетте проценти објавени во 2009 година. Анкетираните биле на возраст помежу 14 и 24 години.

Најчестата причина заради којашто младите се жалат е објавување лаги за нив на социјалните мрежи и форумите, изнесувањето приватни разговори во јавност и пишување злобни работи за нив или наменети за нив. Вистински проблем е што најчесто, како што анкетираните велат, тоа се луѓе што многу добро ги познаваат.

Но, овој социјален проблем не е толку сериозен ако се разгледува само заемното малтретирање на интернет. Податоците укажуваат и на некои други податоци. На пример, секој трет испитаник се изјаснил дека бил дел од трендот „sexting“ којшто вклучува праќање голи фотографии и порнографски текст. Дури 71% од нив сметаат дека се премлади за sexting.

Сепак, не е сè црно во анкетата. За разлика од 2009 кога 25% се изјасниле дека се впуштиле во еротски разговори со непознати на интернет, оваа година само 10% го кажале истото. Во анкетата биле вклучени 1355 луѓе.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium