gototop
Јужнокорејскиот гигант Самсунг при крајот на ноември го надмина сопствениот рекорд во продажба на мобилни уреди, продавајќи повеќе од 300 милиони, иако годината сe' уште не е завршена.

apple-samsung

 

Во 2010 година, Самсунг продаде 280 милиони парчиња.

Сега, нивната компанија по обемот на продажба се наоѓа на второ место во светот, зад Нокиа - пред се' благодарение на продажбата на мобилни телефони.

Успех за Самсунг се очекува и во 2012.

Mac App Store на компанијата Епл е официјално отворена од јануари 2011 и досега бележи неверојатни 100 милиони преземања на нивните апликации.

Така, како што соопштуваат од Епл, нивната продавница се наметнала како најголема светска продавница за софтвер за персонални компјутери и компанија со најбрз развој.

Епл објавил дека и неговата втора продавница - App Store, која постои три години има да понуди 500.000 апликации, вкупниот број преземања надминува 18 милијарди.

Е.П | бркај работа

 

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email