Vip

Многумина хакери до ден денес сметаа дека чиповите на СИМ картичките се убедливо најнепробојниот елемент на мобилниот телефон. Но изгледа дека немале право.

sim fake

Германецот Карстен Нол во период од три години анализирал околу 1.000 различни СИМ картички, при што открил проблем кој може да загрози околу 750 милиони мобилни телефони низ светот.

Имено, германецот тврди дека на сопствениците на вакви картички, хакерите можат да им нанесат голема штета за само неколку секунди. Програмска грешка им овозможува на хакерите далечински пристап до личните податоци и нелегални трансакции.

- Дајте ми кој било телефонски број и постои шанса дека за неколку минути подоцна ќе можам комплетно да ја контролирам неговата СИМ картичка, па дури и да направам нејзина копија - изјавил Нол.

Меѓународната Унија за телекомуникации, гранка од Обединетите нации, испрати предупредување до сите мобилни оператори, откако добиле цврсти докази за големиот пропуст кој е откриен од страна на познатиот германски експерт за криптографија Карстен Нол.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila