Во јавноста се појави нов и опасен вид на вирус за Android оперативниот систем познат под името CryptoLocker, вирус кој досега беше само закана за Windows платформата.

crytolocker-screenshot.000

Вирусот се инсталира на вашиот уред, ги енкриптира сите ваши податоци и потоа бара одредена сума на пари за да ги добиете назад.

Според статистиките, над 30,000 уреди веќе се заразени, а веднаш по инфекцирањето што на екранот ви се појавува порака дека „го кршите законот и заради тоа телефонот ви е заклучен“, па морате да платите неколку стотици долари за да добиете пристап до него.

Додека повеќето од нас се потпираат на фактот дека поседуваат добар антивирус и не симнуваат непознати апликации сепак треба да знаете дека вирусот влегува директно преку посетување на веб-страна, така што постои голема опасност да бидете заразени без воопшто да го знаете тоа.

По заразата сопственикот на вирусот има пристап до вашиот уред и може да ги прегледува сите ваши содржини, да прави повици или оак да праќа пораки.

Експертите советуваат да внимавајте кои веб-страни ги посетувате но и апликации кои ги инсталирате. Воедно задолжително направете си бекап на сите ваши податоци.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium