Компанијата „Samsung“ претстави два нови производи кои наскоро ќе се најдат на пазарот во Америка и Европа.  Станува збор за Gear S паметен часовник како и Bluetooth слушалки кои се разликуваат од останатите по одредена карактеристика.

gear-circle

Слушалките наречени Gear Circle се опремени со магнет со што едноставно можете да ги закачите околу вашиот врат како ѓердан. Тие се поврзуваат со вашиот мобилен телефон преку најовата верзија на Bluetooth конекција со што имате можност да давате гласовни команди до вашиот смартфон како и да слушате музика.

Едно од нешатата што ги прави различни од другите слушалки е тоа што вибрираат секогаш кога ќе добиете нов повик или било каква друга нотификација на мобилниот.

Gear Circle доаѓаат со можност за избор од неколку бои со оглед на тоа дека станува збор и за моден додаток.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banner-zdravoMladi

piratiteOdKaribiteMilenium