Корејскиот гигант планира вистинска револуција на пазарот за паметни телефони во 2015-та година. Samsung реши дека е време да одговори на постојаниот пад на продажбите на своите модели со нова технологија.

samsung.flex1

Од компанијата не се задоволни со продажбата на последниот мобилен телефон Galaxy S5, затоа е крајно време да се претстават во поинакво светло на пазарот со иновации.

Не е нешто ново, компанијата веќе претстави телефони со закривен екран, а посебнио е интересен неодамна претставениот Galaxy Note Edge со закривен раб на екранот. Сепак Samsung во иднина не сака да работи само на телефони кои се закривени на работ, туку во потполност да бидат флексибилни така што ќе можат да се преклопат и да зафаќаат помалку простор во џебот.

samsung.flex1

Компанијата ќе произведе 30-40.000 парчиња од овие екрани, кои би се нашле најверојатно како посебна верзија на Galaxy S6 и Galaxy Note 5.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа