Компанијата Ericsson поднесе тужба против компанијата „Apple“ со барање за забрана за продажба на iPhone и iPad во САД.  Во претходните години токму Apple беа тие кои тужеа компании поради кршење на патенти и во повеќе наврати бараа забрана на продажбата на телефоните на Samsung и големи парични казни.

„Apple“ до минатиот месец имаше договор со шведскиот производител околу користење на нивните патенти, но откако тој договор истече, тие одбиле да потпишат нов договор под условите кои им ги понудиле од Ericsson.

Поради ова, Ericsson реагирале со тужба за кршење на 41 патенти кои се користат во iPhone и iPad, како можностите за поврзување на 2G, 3G и 4G мрежите, правење на повици, споделување на податоци и слично.

Порпаролот на Apple, Кристин Хугет, рекла дека тие секогаш се подготвени да платат фер цена за патентите кои ги користат во своите производи, но дека барањата на Ericsson  биле преголеми.

Одбивањето на потпишување на вакви договори после нивното истекување не е ништо вообичаено на телекомуникацискиот пазар, затоа што компаниите одбиваат такви договори за преку суд да се изборат за поповолни услови додека пак судовите сметаат дека тие не смеат да ја искористуваат својата позиција кон конкурентите, туку би требало да понудат разумна за нивното користење.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium