HMD сѐ уште чува доста тајни околу новите Nokia телефони, но барем знаеме дека не чека најмалку еден предводник во форма на Nokia 9, кој до неодамна беше познат како Nokia 8.

Опремен со Snapdragon 835, уредот се оформува како телефон од висока класа, за што алудира и неговата очекувана цена од 750 евра, што е прилично скапо и компатибилно со цените на актуелните предводници.

За овие пари сепак најверојатно ќе добие и доста сериозна конфигурација за што алудираат новите информации од познатиот репер Geekbench. Таму е опишан мистериозен Nokia телефон со цели 8GB RAM меморија и ARM архитектура која очигледно ни наликува на Snapdragon 835.

Без дури да коментираме дали има вистинска корист од толку многу меморија на Android телефон, конфигурацијата изгледа импозантна и ќе биде интересно да видиме како ќе изгледа овој модел во завршен вид.

milenium-baner