Samsung Electronics Co., Ltd. ја најави новата Galaxy J серија. Hовите Галакси J7, J5 и J3 ќе понудат високи перформанси со неверојатен метален дизајн на куќиштето и подобрена технологија на камерата, за ултра пристапна цена.

Галакси Ј7 се одликува со премиум метално куќиште и со целосен HD супер AMOLED екран, батерија со подолг век на траење и 3GB RAM меморија. Како и моделите J5 и J3, Галакси J7 им нуди поедноставено искуство на корисниците. Моделите J7 и J5 исто така се опремени со напредна камера со висока резолуција од 13 мегапиксели предна камера и 13 мегапиксели задна камера со LED блиц, која им помага на корисниците да фотографираат јасни и изострени фотографии, дури и во услови на слабо осветлување. Со понатамошното унапредување од претходната палета, Галакси J7 и J5 исто така имаат и скенер за отпечаток од прст.

Покомпактниот Galaxy J5 се одликува со супер-стилско, целосно метално куќиште и целосен HD супер AMOLED екран за фантастично доживување при гледањето на содржини. Со унапредената предна камера од 13 мегапиксели и проширената меморија со micro SD која подржува повеќе од 256GB, корисниците можат лесно да фотографираат и да ја зачувуваат содржината која е важна за нив. Побрзиот 1.6GHz процесор го прави Галакси J5 помоќен од кога и да е до сега.

Galaxy J3 пак, како и другите два модела, се одликува со масивно метално куќиште кое одговара на елегантниот дизајн на остатокот од портфолиото. Паметниот телефон може да зачува содржини, исто колку и J7 и J5 моделите, поради поголемиот капацитет до 16GB и унапредената 2GB RAM меморија, како и да фотографира подобри фотографии од претходно, благодарение на подобрената 13 мегапиксели задна камера со прецизен авто-фокус. J3 исто така ја вклучува безбедносната платформа Samsung Knox, правејќи ја содржината на вашиот телефон најбезбедна.

Galaxy J7 и J5 ќе бидат достапни во Европа од Јуни, а Galaxy J3 ќе биде достапен во Јули.

banner-zdravoMladi

piratiteOdKaribiteMilenium