За следниот предводник на Samsung, Galaxy Note 8, кружат доста гласини, благодарение на кои веќе знаеме за веројатниот 6.3-инчен Infinity Display, двојна задна камера и Android 7.1.1.

Според најновите информации околу чипсетот на моделот, гласините велат дека тој ќе биде ни повеќе, ни помалку, од се уште ненајавениот Snapdragon 836.

Предметниот процесор треба да е малку подобрена верзија на актуелниот Snapdragon 835, кој во моментов ги напојува повеќето топ модели на пазарот.

За возврат, претстојниот Snapdragon 836 ќе има 8-јадрен процесор на 2.5GHz, што е малку повисок од 2,45 GHz на Snapdragon 835. Се претпоставува дека освен Galaxy Note 8, следните модели со предметниот чипсет ќе се LG V30 и Google Pixel телефоните.

Вообичаено Samsung пушта две верзии на своите предводници насочени кон различни пазари. Се уште е интересно да видиме каков ќе биде процесорот Exynos.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа