Компанијата Huawei официјално го претстави наследникот на минатогодишниот Honor 8, - Honor 9. 

Уредот ја продолжува традицијата да биде речиси целосен аналог на предводникот во серијата Р и затоа како што Р10 обезбедува 5,15-инчен екран со резолуција 1080p, кој покрива опсег н бои DCI-P3 и чипсет Kirin 960.

Сличноста продолжува и кај камерите – главната е двојна камера  која комбинира сензори со резолуција 12MP и 20MP, а меѓу нејзините можности се 2х зум со минимална промена во квалитетот, портретен режим и можност за примена на „боке“ ефект. Камерата за селфи фотки е 8 мегапиксели.

Слично на Honor 8 уредот не го носи логото на Leica и не дава можност за снимање само со монохроматски сензор (нешто што е резервирано само за P10). Остава впечаток дека сензорот за отпечатоци е преместен под екранот, а задниот поклопец на уредот повторно е стаклен.

Слично на P10 и тука е додадена батерија со капацитет 3200mAh. За разлика од предводникот во серијата Р, Honor 9 е достапен во варијанти со 4GB / 6GB RAM и 64GB / 128GB проширена меморија.

Продажбите на уредот во Кина почнуваат на 16 јуни по цена од 300 евра за верзијата со 4GB / 64GB меморија, 355 евра за 6GB / 64GB и 393 евра за 6GB / 128GB.

На европскиот пазар ќе се појави наскоро.

milenium-baner