Компанијата Kaspersky Lab ја претстави апликацијата Battery Life што ги заштитува корисниците од непријатната ситуација да останете со празна батерија кога најмногу ви треба телефонот.

Решението на Kaspersky Lab е оваа бесплатна апликација што ги идентификува на вашиот уред оние апликации што најмногу ја трошат батеријата. Тоа е посебно важно ако се земе предвид дека 96% од апликациите на Android се активни и „влечат“ батерија и кога не ги користиме.

Апликацијата ги стопира овие „трошачи“ со еден клик, со што се продолжува трањето на батеријата, а корисникот ќе добие итно известување ако некоја од апликациите почне да корист повеќе енергија од вообичаено.

Battery Life исто така може да го пресмета времето до целосно гасење на батеријата, што им дава на корисниците временска рамка во која ќе треба да најдат начин да го наполнат телефонот.

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа